Програма за обука моден дизајнер во 3Д
Целта за имплементација на програма Дизанјер на облека во 3Д – прво ниво е да се стекне знаење за тоа како да се користат дигиталнните технологии за развој на модни производи. Глобален тренд во развојот на текстилната индустрија е воведот во дигитални технологии како решение за подобрување на работата.. Потребата од воведување на овој програм е наметнат од потребата да се трансформира традиционалниот бизнис со дигитални технологии со цел да се задоволат потребите на пазарот и новиот начин на водење бизнис.
Учесниците ќе стекнат знаење за новите основни активности за развојот на 3Д моден производ преку три модуларни единици. Во првиот дел ќе се стекнете со знаења за следење на модните трендови , изработка на модна скица, познавање на работните процедури при изработка на модел, потребните ресурси за да се направи.
Со вториот модул од програмата учесникот ќе се стекне со знаења за сите алатки кои се составен дел на софтверското решение за креирање на 3Д моден производ и како да ги користи. Користење на алатки за изработка на делови за кроење во 2D, пренесувајќи ги во 3Д, поврзување на кројачки делови, уредувајќи ги, скенирање на ткаенина, уредување на дигитална ткаенина и нејзина примена на 3D моден производ.
Третиот модул го комплетира програмата во која учесникот ќе се стекне со знаења за администрација, евидентирање на работните активности, начин на одржување на работното место и внатрешна и надворешна комуникација поврзана со работните активности.
Вкупното времетраење на програмата е 180 часови, од кои 60 часови теорија и 120 часови практична работа.
“3D Модниот дизајн отвора можност да се работи локално и да се дејствува на глобално ниво”
Истражувајте нови можности, креирајте ја вашата иднина во неколку ЧЕКОРИ!
Првиот чекор:
Првиот чекор:
Пополнете го формуларот за апликација! Ќе ве контактираме што е можно поскоро со детали за програмата.
Втор чекор:
Индивидуално или групно студирање со вашиот ментор во рамките на три модули од студиската програма и добијте го сертификатот “моден дизајнер во 3Д – основно ниво”
* Програмата е сертифицирана од Центарот на ЈУ Центар за образование на возрасни Н.Македонија (www.cov.gov.mk) и Министерство за образование и наука Н.Македонија.
Трет чекор:
Надградете го вашето знаење за 3D моден дизајн со вашиот ментор работејќи на индивидуални проекти и добијте меѓународен сертификат “моден дизајнер во 3Д – НАПРЕДНО”
* Програмата е сертифицирана од tg3ds.