Обука за сметководител

Верификувана програма во Центар за образование на возрасните

LAZOVSKI Business Development Support

Програмата за обука на сметководител овозможува стекнување на професионални квалификации, знаење и вештини кои се утврдени во тематски целини и опфаќаат теоретски и практичен дел.

ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ

Теоретскиот дел содржи тематски целини со кои учесникот на обуката се стекнува со потребните теоретски знаења предвидени во содржината на самите целини.

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ

Со практичниот дел од програмата се реализира практично учење заради стекнување со практични знаења.

ПРОГРАМА

Програмата за сметководител е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на познавања од сметководственото работење, што ќе им овозможи проширување на постоечки знаења и вештини или учење на нови, а заради полесно вклучување на пазарот на трудот. Програмата нуди тематски целини од сметководството како што се: Применува и следи важечка законска регулатива и сметководствени политики и правила, Врши почетна сметководствена евиденција, Ликвидира влезни и излезни документи, Изработува сметководствана документација. Изготвува, зачувува и испорачува интерна и излезна документација. Пополнува соодветни финансиски инструменти, проверува точност, води соодветни книги и соодветно ја чува документацијата, Врши пресметковни и готовински работи и тоа пресметува плата, врши пресметка и исплата на даноци, уплати и исплати, Евидентира сметководствени настани врз основа на документи во деловни книги, Учествува во изработка на финансиски извештаи, годишна сметка и финансиски планови.

ОСНОВНА ЦЕЛ

Основна цел на Програмата е усовршување, доквалификација или преквалификација на лица за вршење на сметководствени услуги за задоволување на потребите на пазарот на трудот согласно идентификуваниот дефицит и потребата од страна на бизнис заедницата за истите.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Времетраење на програмата е вкупно 3 (три) месеци и тоа за теорија 88 часа, за пракса 110 часа и за оценување 22 часа.

ЗАВРШУВАЊЕ НА ОБУКАТА

По завршување на обуката се спроведува тестирање на знаење и тоа писмен тест за стекнато теоретско знаење и задача за проверка на практично знаење. Во теоретската проверка ќе се цени знаењето од тематските целини како содржина на обуката. Практичната проверка подразбира симулација на вршење сметководствена активност при што кандидатот практично го покажува практичното знаење кое го стекнал на обуката.

ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕ

По проверка на тестирањето, врз основа на остварените резултати на учесниците им се доделува Сертификат со назив Сметководител.

Вкупен број на часови: 220

Теорија

88 часа

Пракса

110 часа

Оценување

22 часа