Постапка за аплицирање и рокови
Сите апликации мора да се испратат преку е-пошта на следнава електронска адреса (e-mail): grants@by-leap.com со предмет (subject): CFP BY LEAP/ИМЕ НА АПЛИКАНТ/ЗЕМЈА
Заинтересираните апликанти мора да ги испратат потребните формулари и да ги следат достапните упатства. Апликациите треба да бидат напишани на еден од локалните јазици (српски, босански/хрватски/српски, албански, македонски, црногорски или турски) или на англиски јазик.
Извршното резиме на апликацијата мора да биде достапно на англиски јазик.
Крајниот рок за аплицирање е 18 ноември 2021 година, 23:59 часот.
Резултатите од изборот ќе бидат јавно достапни најдоцна 60 дена по истекот на рокот за поднесување проекти.
*Кандидатите се охрабруваат да поднесат предлог-проекти на англиски јазик, земајќи предвид дека имплементацијата на проектот/комуникацијата и известувањето треба да се прават на англиски јазик.
*Целосниот повик и упатствата за потенцијални апликанти се достапни на овој линк
Ви треба помош-контактирајте не 070777977
Leave a Reply