Се повикуваат невработените лица до 34 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено средно образование кои немаат работно искуство согласно образованието и се заинтересирани да се вклучат во мерката Практикантство за период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени практични знаења и вештини, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.
За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.
https://av.gov.mk/oglasi-za-rabotodavaci.nspx
Ви треба помош-контактитајте не 070777977
Leave a Reply