Сеавус Едукативен и развоен центар во соработка со IMPACT Foundation го отвора повикот наменет за сите заинтересирани жени и девојки од ранливи категории кои сакаат да ги надградат своите дигитални вештини преку субвенционираната програма (академија) за дигитален маркетинг.
Програмата е првенствено наменета за невработени девојки и жени до 29 години, а предност ќе имаат апликациите на кандидатките што живеат надвор од Скопје.
Академијата ќе трае четири месеци и истата ќе се одвива целосно оналјн. Сеавус Едукативен и Развоен Центар заедно со RECONOМY покриваат 80% од вкупната школарина. Остатокот од школарината во износ од 270 евра (во денарска противредност) учесничките ќе имаат можност да го исплатат на рати најдоцна до 1 декември 2022 година.
Доколку сакате да бидете дел од оваа програма, пополнете ја апликација на следниот линк, по што ќе бидете контактирани од страна на СЕДЦ.
Ви треба помош-контактитајте не 070777977
Leave a Reply