Можност да освоите 10.000 евра за Вашата иновативна бизнис идеја
Наскоро започнува EIT Jumpstarter за 2022 година, една од најпознатите европски пред-акцелераторски програми. Оваа година, ги покануваме кандидатите да ги достават своите иновативни идеи во шест тематски категории: здравство, агри-фуд, суровини, енергија, производство и урбана мобилност. Апликациите може да се испраќаат до 10 април.
Дали е за Вас?
Дали сте дел од научен проектен тим, иноватор, научник, докторанд или магистер со идеја за производ или услуга која може да ги помести постоечките пазари во здравството, агри-фуд, суровините, енергијата, урбаната мобилност или производствените сектори? Дали сакате да ја изнесете Вашата идеја надвор од лабораторијата на пазарот? Тогаш EIT Jumpstarter е идеален за вас.
Што ќе научите?
Во текот на 8-месечните програми, ќе го пронајдете и потврдите најдобриот бизнис модел за Вашата иновативна идеја. Курсевите се засноваат на lean start-up методологијата од Силиконската долина преведена во европската средина. Ќе научите: како да ја усовршите Вашата зделка, сегментација на пазарот, понуда за вредност на клиентите, сегментација на пазарот, финансии, основи на инвестиции, правни основи и заштита на Вашата интелектуална сопственост.
Во текот на програмата ќе добиете поддршка за патување и сместување, а најдобрите тимови во секоја категорија ќе имаат шанса да освојат парична награда од 10.000 евра.
Зошто е уникатна?
EIT Jumpstarter е многу селективна, конкурентна програма; учеството во неа ги отвора вратите кон европските пазари и ги поврзува најдобрите тимови со шесте големи индустриски партнери на EIT Заедниците како што се GE Healthcare, Siemens, Philips, Roche, Bosch, Nestlé, Pepsico и Maspex, меѓу другите.
Аплицирањето е отворено до 10 април 2022 година
Подобни земји
Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија, Турција, Гвадалупе, Француска Гвајана, Реунион, Мартиник, Мајот и Сен-Мартен (Франција), Азорските Острови и Мадеира (Португалија) и Канарските Острови (Шпанија).
Важни датуми:
- Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како локален партнер на програмата ќе организира Pre–jumpstarter работилница на 31.3.2022 г. на која ќе може да ги дознаете деталите за аплицирање и учество на македонските старт-апи во Jumpstarter програмата. Следете нѐ на нашата веб-страница и социјални медиуми и очекувајте линк за регистрација!
- Краен рок за поднесување бизнис идеи: 10.4.2022 г. во 23:59 часот по средноевропско време
- Избор на идеи и покана за камповите: 4.5.2022 г.
- Камповите ќе се одржуваат онлајн во периодот мај-јуни 2022 г.
- Локална заедничка обука: јули-септември 2022 г.
- Големо финале: ноември 2022 г.
Ви треба помош-контактитајте не 070777977
Leave a Reply