Е-сметководство

Многу компании се успешни бидејќи пред другите го сфатија значењето на времето и скратувањето на едноставните и повторувачки процеси во работењето.

Она што е уште поважно за компаниите е покрај сметководствените услуги да се обезбеди и адекватен сметководствен софтвер кој обезбедува целосна моментална (ажурирана) финансиска слика за компанијата.

Е-сметководство, зашто и за кого?

Професионалниот бизнис софтвер ќе ви овозможи внесување и процесирање на голем број на податоци без дополнителни активности, бидејќи најголем дел од процесите се автоматизирани и брзи. Добро испланираните сметководствени процеси заштедуваат време и ресурси и остава повеќе време за фокус кон главните цели на компанијата.

Главната цел на е-сметководството е насочена кон финансиските активности, залихите, плаќање и наплаќање. Овие услуги може да се користат и од помали правни лица како и од поголеми правни лица на кои им е потребен постојан увид во сметководствената евиденција.

Онлајн сметководството е прилагоден метод со кој комапниите имаат постојан пристап до нивните финансиски детали и извештаи. Софтверот е лесен за користење и помага при заштеда на време и ресурси со тоа што било какви повторувачки операции се излишни, бидејќи многу од процесите се автоматизирани.

  1. Што добивате?

Централизирана база на податоци од секој компјутер – клауд решение

  • 24/7 пристап до информациите од дома или од било каде во светот каде има интернет
  • Секоја евидентирана промена веќе ја има и сметководителот
  • Заштита на веќе искнижените документи
  • Целосно поврзан и интегриран систем кој ги поврзува сите деловни единици на вашиот бизнис (магацинско работење, работа со фискални апарати, генератор на прилагодени извештаи, праќање на извештаи преку електронска пошта, е банкарство, електронски пристап со институции
  1. Кои се придобивките на е-сметководството?
  • флексибилност – брзо приспособување според потребите на компанијата кои работат во различни сектори.
  • функционалност – различни модули за финансиско сметководство, материјално сметководство (управување со залихи), плати и архива на податоци може да се користат паралелно или пак поединечно.
  • лесен за користење (user friendly) – лесен и ефикасен за користење
  • тековност – обезбедува директен пристап до сметководствените податоци 24 часа на ден
  • автоматски – повторувачките процеси се рационализирани и автоматизирани
  • доверлив – едноставноста прикористење го прави да се избегнат и да лесно да се пронајдат човечките грешки
  • безбеден – датабазата на податоци се наоѓа на сигурен и безбеден сервер
  • практичен – лесно се доделуваат обврски на неколку луѓе како во рамките на компанијата така и помеѓу компанијата и сметководствената канцеларија.

 

Фактурирање

Со е-сметководството, бизнисот може побрзо да генерира сеопфатни фактури и да се има ажуриран увид во состојбата за секој клиент поединечно.

Пресметка на плати

Е-сметководството ви гарантира точна и навремена пресметка на плати

 

Буџетирање, предвидување и планирање

Е-сметководството ви овозможува да работите на стратешките планови и буџетите на вашиот бизнис, да направите софистицирана финансиска анализа и да се прилагодите брзо на промените со предвремено прогнозирање на истите.

Што е  е-документација

Е-Документација претставува складиште на целата документација што ја користи компанијата. Во документацијата ја чуваме појдовната и дојдовната пошта, сите сметководствени документи (извештаи, заклучоци од години, потсетници ..), комерцијална документација (договори, анекси ..), техничка документација (упатства за употреба, гаранции ..), накратко сите документи кои ги имаме на располагање, дали во папки или во форма на хартија

Подобрете го работењето

  • Помалку грешки
  • Се на едно место
  • Надзор на документи