Сметководство

Сметководството е многу повеќе од само броеви – тоа е универзален јазик на работа. Ние го користиме за да напишеме возбудливи деловни приказни во финансиското управување на вашата компанија.

Финансиското известување базирано на пазарна вредност е новата реалност,  со оглед на тоа што повеќето земји во светот ги усогласуваат своите сметководствени стандарди со постојните МСФИ.

Вредностите добиени од финансикото и материјално сметководство, преку извештаи кои го толкуваат вашето деловно работење и имајќи ги во предвид еко-системот на делување на компанијата ние сме партнер во финансикото управување, со тоа што посочуваме на можностите, даваме детални анализи и препораки кои се од голема важност во Вашето деловно работење.

Ние сме подготвени да ви ја понудиме нашата стручност и долгогодишно искуство во полето на управување со даноци и сметководство, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности.

Ние можеме да ви понудиме:

  • Финансиско сметководство
  • Материјално сметководство
  • Управувачко сметководство
  • Собирање и процесирање на сите документи за месечно затварање на сметки
  • Контролирање на точноста на документацијата
  • Евидеција на трошоковна благајна
  • Водење и ажурирање на регистар на основни средства
  • Усогласување на фактичка со сметководствена состојба на средства обврски и капитал
  • Услуги за подршка на бизнисот со вршење на компаниски секретарски услуги, изготвување на фактури и комуникација со сите надлежни институции
  • Месечни/квартални/гошишни финансиски извештаи
  • Изготвување на пробен биланс, Биланс на успех, Биланс на состојба, преглед на парични текови
  • Извештаи за добавувачи, купувачи и инвеститори,
  • Финансиски извештаи и објаснувачки белешки за потребите на консолидација, и
  • други релевантни извештаи
  • Обработка на податоци за евиденција на работно време
  • Пресметка на плати и поврзани даноци и придонеси
  • Подготовка на платни листи
  • Администрирање на боледувања
  • Склучување и откажување на договори за вработување пред Агенцијата за вработување, пензискиот фонд, здравствениот фонд и управата за јавни приходи

Веруваме дека до сега веќе ја имате имате увидено моќта на максимизирање на искористеното време. Лазовски  ви овозможува да се ослободите од стегите на обврските поврзани со собирање, сортирање и доставување на деловна документација  и да се насочите кон вашите цели, Професионалната поддршка кој ви ја нудиме ние и начинот на кој ги пратиме вашите деловни активности ќе ви овозможи да ја следите динамиката на новата дигитална ера на живеење и делување.