Даночно советување

Ние им нудиме на клиентите комплетни даночни совети од широк спектар на даночни области.

Нашата примарна улога е да им помогнеме на клиентите да ги разберат и интерпретираат даночните закони и прописи за да можат да ги планираат и управуваат со своите даночни работи во контекст на нивните лични и деловни цели и активности. Ова вклучува советување на клиентите во врска со нивните обврски за законско усогласување.

  1. Даночни услуги кои ги нудиме
  • Сметководство на даноци
  • Даночен консалтинг
  • Проценка на даночен ризик
  • ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ПРОЦЕДУРИТЕ ПРЕД ДАНОЧНИ ИНСПЕКЦИИ
  • ТЕКОВНИ ДАНОЧНИ КОНСУЛТАЦИИ
  1. Директно оданочување

Данок на добивка

  • Пресметка на достасаниот данок на добивка и доставување на оваа информација до Клиентите на месечна/ годишна основа
  • Подготовка на Даночен биланс согласно Законот за данок на добивка

Персонален данок на доход

  • Усогласеност со Закон за персоналниот данок на доход, пресметка на персоналниот данок на доход и доставување на таа информација до Клиентите. Подготовка на ПДДГИ во согласност со Законот за персонален данок на доход

Данок на додадена вредност

  • Усогласеност до Законот за данок на додадена вредност, вклучувајќи изготвување на даночни пријави и останати извештаи и пресметки кои се бараат со Законот за данок на додадена вредност
  1. Усвоени принципи од страна на нашиот тим:
  • Обезбедување на совети подржани на законска основа и користење на насоки дадени од страна на професионални тела а особено даночната администрација на Р.Македонија,
  • Обезбедуваме сигурност дека повратот на данокот е секогаш поткрепен со соодветна документација, обелоденувања и законски исправни токувања.